Денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одржа прес-конференција на тема: 100 дена загуби, Влада на Заев и вето од Бугарија.
– Изминативе 100 дена Влада се најлошите кои ги имало во историјата на Македонија. 100 дена на изгубени животи, иднина, пари, илијадници загубени работни места, инвестиции. 100 дена Влада на изгубени надежи. Ветуваа живот, за само 100 дена добивме вето, пропадната банка, поскапена електрична енергија, 1.400 загубени животи, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес конференција за 100-те дена Влада на премиерот Зоран Заев.
Поради ова Мицкоски упати апел за итна лидерска средба на која ќе се зборува за здравсрвената, политичката и економската состојба и повтори дека бараат експертска Влада и оддржување на предвремени парламентарни избори веднаш кога ќе се создадат здеавствени услови за тоа.
– Македонија со Заев бележи само загуби. Од сите нас зависи колку ќе му дадеме прилика да губи. Се коцкаат со идентитетските прашања и што е најлошо многу лажат. Имаат многу загуби но само дел од ќе споменам. Имаме економија во рецесија, пад од 6 проценти, историски најголемо задолжување на државата, буџетска дупка, раст на јавниот долг. Нема капитални инвестиции. Има одлив на странски инвестиции, ги нема ниту оние пет кој ги ветуваше Џаев пред изборите. Повеќе од 50.000 граѓани бараат работа, Во овие четири години не задолжија близу 2 милијарди евра, рече Мицкоски.
Тој потенцира дека загубите во здравството за жал се плаќаат со човечки животи поради неспосопбното менаџирање на здравствениот систем.
– Смртноста е извонредно висока. Седми сме во светот поради неспособнаста на Филипче и Заев. Има недостиг на медицински кадар а во Агенција за вработување се пријавени 3.000 здравствени раборници. За Клиничкиот центар не треба да трошиме зборови. Лага е дека им се покачени платите на здравствените работници, рече Мицкоски.
Тој продолжи да зборува и за образование каде набои некои неуспешни работи на власта.
– Образобанието е на колена, еден месец доцнеше страртот на учебната година. Над 10.000 ученици следат настава од телевизија. Се прекршуваат мерките против панедемијата. За инфраструктура немам што да зборувам. Закочени се сите проекти кои ги наследија, гасификацијата доцни. Секои избори ја ветуваат гасификацијата, рече Мицкоски.
Според него нема ниту еден проект во културата.