Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција на која презентираше пакет мерки во здравството најави дека партијата се обврзува на обнова која ќе опфати реконструкција на болниците во Велес, Кичево, Струмица, Струга и Битола.
Со тоа, порача тој, ќе се овозможат квалитетни услуги и поголемо достоинство на луѓето со загрозено здравје.
– Се обврзуваме на обнова која ќе опфати реконструкција и модернизација на Универзитетска клиника за Хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје, односно Градската Болница. Така што Скопје ќе добие современа болница каква што заслужува, изјави Мицкоски.
Меѓу другото, најави и воспоставување на модерен ургентен траума центар поради растот на популацијата во Скопје и драстично зголемениот број на сообраќајни повреди и потребата од брзо, благовремено и адекватно реагирање.
Покрај реконструкција на болниците, Мицкоски најави и зградба на капитален проект за воспоставување на национална мрежа на 4 нови клинички центри и тоа: Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“, Универзитетскиот Клинички Центар „8 септември“, кој што се планира да се трансформира во Клинички Центар кој е планирано да работи под административна капа на Клиничкиот Центар „Мајка Тереза. Како и воспоставување на Универзитетска клиничка болница Штип што ќе опфати подигнување на нивото на сегашната болница, како и воспоставување на Универзитетска клиничка болница Тетово.