Вечерва гостин во вестите на Сител беше лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски. Тој зборуваше и околу нашите односи со Бугарија.
Тој упати прашање кон власта со кое прашува зошто не ги изнеле барањата на Бугарија уште кога ги виделе, а како што вели тој, можно е тоа да било уште пред парламентарните избори.
– Зошто македонската јавност не ги виде 12 барања на Бугарија, прашува Мицкоски.
Тој нагласува дека власта го одбила за лидерска средба.
– 17 пати побарав лидерска средба, вели Мицоски и кажува дека не успеал во неговите намери.
Тој продолжи да зборува за договорот со Бугарија.
– Им велевме не го потпишувајте тој договор. Само политички аматер може да потпише таков договор, додаде Мицкоски.
За крај тој го кажа дека нема цена за која би го прифатил договорот со Бугарија.
– Не прифаќам дека македонски јазик е бугарски. Нема цена да го прифатам тоа. Ајде да разговараме за економија, пандемија. Тоа се темите на кои треба да се зборува, заврши лидерот на опозицијата.