Дозволете најпрво да ви се заблагодарам за подршката која ни ја давате изминативе денови, истата таа не мотивира да истраеме во поддршката во борбата против погрешните политики на владата предводена од Зоран Заев, изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното обраќање пред јавноста.
Ова се историски моменти кога се одлучува иднината на македонскиот народ, македонската нација и македонската држава . Ова се моменти кога се потврдува тезата дека договори потпишани на брзина не само што не се решение, туку напротив се проблем за иднината на Македонија и денеска наместо решение тоа претставува проблем . Само политички аматер може да потпише договор во кој што критериум за напредокот на Македонија и нејзината интеграција во ЕУ, ќе бидат лингвистичките проблеми. Само политички аматер може во една таква подредена состојба да ја донесе сопствената држава и нација, изјави Мицкоски.
Затоа ве повикувам масовно без разлика на политичката припадност, без разлика на верска определба утре од 12 30 до 14 00 да се приклучиме на протестите кои се над партиски, обединувачки, гласно да зборуваме против овие погрешни политики на Владата , на СДСМ, на Зоран Заев . Ја користам оваа прилика истовремено да се извинам на моите сограѓани- скопјани за можеби сообраќајниот метеж кој можеби ќе се случува утрешниот ден. Ве молам имајте разбирање за сето ова кое што денеска го правиме, затоа што ако денеска не успееме, се плашам дека идни генерации ќе имаат можност грешката да ја поправат бУпатувам и порака до политичарите, немојте да се дрзнете да го чепкате македонскиот индентитет и да се откажете од македонското малцинство кај нашиот источен сосед. Затоа што таа хартија што ќе ја потпишете е безвредна, изјави Мицкоски.
Утрешниот ден е денот кога треба да сме масовни и гласно да зборуваме, заедно да победиме за иднината на македонскиот народ, изјави Мицкоски.