Македонија 15. јануари 2019. / 19:09

Мицкоски: Вчера започна а денеска беше егзекутиран атентатот врз Република Македонија

Мицкоски: Вчера започна а денеска беше егзекутиран атентатот врз Република Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето на една телевизија го кажа своето мислење за неуставниот закон за двојазичност кој нелелално беше објавен во службен весник.

Вчера започна а денеска беше егзекутиран атентатот врз Република Македонија, она кое што го осмисли претходно, за време на зимските и пролетните месеци во минатата година се операцијализираше и конечно во една противпроцедурална и противзаконска и противуставна процедура, на насилен начин го завршија во рамките на Собранието, Зоран Заев, Талат Џафери и останатите ликови кои што му кумуваа на овој процес, во рамките на Собранието. Одреден период они тактизираа кои претпоставувам го чекаа овој момент бидејќи ајде си велаа, да не создаваме сега алиби за овие уценети пратеници во Собранието да завршат еден друг процес, да не ги вознемируваме страстите помеѓу нив па  да се појави неко чуство на колебање помеѓу нив па ајде веднаш откако ќе заврши она што заврши во петокот (Северна Македонија), па ајде сега на ваков брутален и насилнички начин да го дозавршиме атентатот врз Република Македонија така што оваа претстава оваа драма има неколку главни улоги првата главна улога се разбира му припаѓа на Зоран Заев, рече Мицкоски.