Македонија 14. ноември 2020. / 14:54

Мицкоски: Важно е да има решение со Бугарија за европска иднина, но не по цена да се самопорекнеме

Мицкоски: Важно е да има решение со Бугарија за европска иднина, но не по цена да се самопорекнеме

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски потенцираше дека е важно за Македонија да има решение со Бугарија за европска иднина, но не по цена, како што рече да се  самопорекнеме.

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ нема намера да прифати компромис кој не асимилира

А и ти Заев те повикувам барем еднаш, еднаш во твоето политичко функционирање да не подвиткуваш кичма. Барем еднаш, направи спротивно од се до сега што правиш досега, и исправи се барем еднаш, го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Заев.

Мицкоски потенцира дека ние како нација и држава не можеме да прифатиме да се самопорекнеме, или самоодречеме по секоја цена, јас би рекол  по ниту една цена.

Мора некогаш да се каже доста е на лазењето по нерви и навредливата реторика во која ние Македонците ќе се повлекуваме и постојано ќе губиме. Доста е од тоа како држава да даваме се, а да не добиеме барем малку. Не смееме да прифатиме да се самоизбришеме, порача Мицкоски.