Говорејќи за непотизмот лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа дека за сите лица кои се вработени неправично, со влијание на функционери, со докази, ја информирале Антикорупциска комисија.
Премиерот Зоран Заев кажа дека Антикорупциска ги разгледува сите случувања во врска со непотизмот. Тој кажа дека во пет случаи вработените, по пат на непотизам, се повлекле од работните места. Заев го запраша Мицкоски дали ќе даде отказ бидејќи работел во факултетот каде што работи неговиот татко.
Мицкоски кажа дека во одреден момент му помогнал на неговиот татко и е горд на него. Тој потсети дека таткото на Зоран Заев бил обвинет за кражба на електрична енергија.