Македонија 29. декември 2020. / 22:10

Мицкоски: Светот почна вакцинација, кај нас тој што треба да обезбеди вакцини зборува за легализација на марихуаната

Мицкоски: Светот почна вакцинација, кај нас тој што треба да обезбеди вакцини зборува за легализација на марихуаната

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христјан Мицкоски во последната емисија за оваа година „Прашањето ми е следно“ зборуваше за трите работи коишто беа најважни оваа година.

Според него трите нешта што ја одбечежаа оваа година се ковид пандемијата, како што рече, талибанските мафијашки избори и рецесијаат којашто најмногу ги погоди граѓаните.

„Цела година не можам да извојам една позитивна работа. Гледаме дека цела Европа и светот ги вакцинира сопствените граѓани , а кај нас тој што треба да се грижи да обезбеди вакцини за да се вакцинираат оние граѓани коишто сакаат да се вакцинираат зборува за легализација на марихуаната“, рече Мицкоски.

Кога ќе ги вагате тие работи, вели тој, од една страна го имате министерот и премиерот коишто во екот на пандемијата, а во исто време гледаме како во цела Европа и во светот се вакцинираат, како Владите водат сметка за сопствените граѓани, ним главна тема им е легализација на марихуана.

Според него, тие две работи кај луѓето доведуваат до чувство на разочарување, бидејќи не ги интересира тие што треба да ги интересира – Владата, туку со еден вештачки проект којшто го туркаат, тие сакаат д го загрозат здрајето на граѓаните.