Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски гостуваше во „Печат на неделата“ со уредникот Сашо Ордановски каде зборуваше за случувањата од 27-ми април во Собранието.
На прашање за тоа како може да тврди дека 27-ми е монтиран случај, Мицкоски вели дека во ниту еден момент не може да се сложи со тезата дека таму се случувале терористички настани.
– Примена на сила не можеме да толерираме ниту оправдуваме. Едно е учество во толпа, а друго е акт кој е спротивен на уреднувањето на државата. Јане Ченто е повеќе од една година во притвор. Дали притворот треба да биде казна или мерка? Тој колку што знам не бил дел од тајната служба. Според Прибе тоа што нас ни се случуваше пред да се случи гласањето на парламентот е класичен прмер за заробена држава. – истакна Мицкоски.