Македонија 13. август 2020. / 14:45

Мицкоски со пратениците ќе оди кај Пендаровски – бара одговор зошто Заев го добил мандатот

Мицкоски со пратениците ќе оди кај Пендаровски – бара одговор зошто Заев го добил мандатот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, бара шефот на државата Стево Пендаровски да ги прими на средба него и дел од пратениците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ денеска во 15:30 часот. Мицкоски бара отчет од шефот на државата зошто Заев го доби мандатот, иако нема обезбедено мнозинство. Мицкоски смета, дека со тоа што Пендаровски го дал мандатот без докази за мнозинство, го прекршил Уставот.

Ќе се упатиме од овде, од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ кон канцеларијата на претседателот, да видиме врз основа на кои докaзи Заев го убедил да го добие мандатот. Апелирам Пендаровски да не прими мене и уште еден пратеник и да разговараме за доказите врз основа на кои пратеникот Заев го убедил дека поседува мнозинство во парламентот каде ќе се гласа новата Влада. Во спротивно, Стево Пендаровски го крши Уставот, рече Мицкоски.

Со доделувањето на мандатот тече рокот од 20 дена за Заев да предложи до Собранието програма и состав на нова влада. Мицкоски смета дека овој рок ќе биде искористен за уценување на пратеници.