Делегација предводена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес ќе присуствува на одбележување на празникот 2-ри Август, Илинден во село Ташмаруниште, Струга.
Во 10:40 часот ќе биде пристигнувањето во село Ташмаруниште, при што ќе положи свежо цвеќе на спомен обележјето на Двата Илиндена, а притоа ќе ја посети и црквата Св. Архангел Михаил.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе има свое обраќање.
Инаку Мицкоски вчера од Лазарополе им го честиташе празникот на сите Македонци.
–Во предвечерието на големиот празник Илинден, во мијачкото село Лазарополе, таму најгоре, каде традицијата силно се чува. Македонци честит Илинден! Нека е за многу години овој светол празник. И да си ја чуваме и сочуваме Македонија!, напиша вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил.