ВМРО-ДПМНЕ денеска на конвенција во Струга избира партиски кандидат за претседател на државата за претстојните избори што ќе се одржат на 21 април, годинава.
Власта која е со изгубена доверба од народот пристапува кон стратегија на бојкот на претседателските избори. Како и на поделба на десното гласачко тело, плодна почва за тоа наоѓа во спонзорираните поединци кои се на услуга на власта. Кои треба да делуваат како истурена постава за разјадување на десното крило, рече Мицкоски.