Македонија 28. февруари 2020. / 21:12

Мицкоски: Си имате проблем со ТЕ-ТО зошто ваши луѓе правеле криминал

Мицкоски: Си имате проблем со ТЕ-ТО зошто ваши луѓе правеле криминал

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашниот ТВ ДУЕЛ во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, обвини дека СДСМ и Зоран Заев имале проблем со ТЕ-ТО бидејќи, како што рече тој, денеска има најголема коруптивна афера со термо електричната централа ТЕ-ТО.

-Јас сум бил од октомври и во јануари, кога сите набавки биле завршени, а надвор имало минус 29 степени, за да вие можете да уживате во привилегиите на електрична енергија сме морале да набавиме бидејќи таа била цената на електричната енергија. А знаете ли зошто? Затоа што некој друг манипулирал во тоа време со ТЕ-ТО, кое што денеска е главна афера и денеска има најголема коруптивна афера со термо електричната централа ТЕ-ТО, ете затоа, вели Мицкоски.