Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку објава на „Фејсбук“ им порача на граѓаните да бидат спокојни, зашто како вели сето она што ВМРО-ДПМНЕ го вети, во новата влада ќе го испорача.
Тој додава дека не само тоа, туку и сето она било земено како обврска од страна на оваа влада на СДСМ, за која како што вели, е во заминување, ќе биде исполнето.
На нас ни е потребна стратегија, а не еднократни мерки. Бизнисмените ќе го добијат ветениот рамен данок од 8%. Вработените ќе ги добијат ветените покачувања, ќе се изградат автопатите, експресните патишта, земјоделците ќе ги добијат сопствените субвенции, вели Мицкоски.
Тој ја повика Државната комисија за спречување на корупција и судир на интереси и Антикорупциската комисија, да излезат со став за ветувањата за кои, како што вели, никогаш нема да се исполнат, а четири пати беа изнесувани во македонската јавност, од ресорниот министер и Владата.