Македонија 05. февруари 2019. / 10:52

Мицкоски се сретна со потпретседателот на ЕПП Дејвид Мекалистер

Мицкоски се сретна со потпретседателот на ЕПП Дејвид Мекалистер

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во рамките на Политичкото собрание на Европската народна партија (ЕПП), оствари средба со потпретседателот, Дејвид Мекалистер.

На средбата дискутираа за иднината на Македонија, а Мицкоски ја пренесе својата загриженост за растечката корупција и отсуството на владеење на демократски принципи, пред се на владеењето на правото.

-Имав средба со Потпретседателот на Европската Народна Партија и претседавач со комитетот за меѓународни односи при ЕП Дејвид Мекалистер.

Одлична средба каде дискутиравме за Македонија и нејзината иднина. Но воедно ја пренесов и мојата загриженост за растечката корупција и отсуство на владеење на правото во Македонија.

Таквиот недостиг и отворено бегање на власта од парламентарни избори кои ќе гарантираат дополнителни механизми да се спроведе волјата на граѓаните, отвора сериозен сомнеж дека власта сака да ги фалсификува и следните претседателски избори.

Затоа фер претседателски избори мора да се важен предуслов за напредување на европската агенда. – напиша Мицкоски на Фејсбук.