Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, оствари средба со новонименуваниот француски амбасадор Сирил Бомгартнер.
На средбата на која учествуваа и партискиот потпретседател Александар Николски и Игор Николов било разговарано за актуелната политичка, економска, како и здравствена состојба предизвикана од пандемијата.
Новиот француски амбасадор Бомгартнер бил запознаен со последиците од корона со кои се соочува земјава на здравствен и економски план, а станало збор и за бугарското вето на патот на Македонија кон ЕУ.
-На средбата со амбасадорот Бомгартнер стана збор и за традиционално добрата соработка со Република Франција, при што беше заклучено дека има простор за продлабочување на економската сорабтка. Упатив благодарност за континуираната поддршка што Франција и ја дава на Македонија во процесот на интеграција во ЕУ, напиша на неговиот фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Француски амбасадор бил информиран дека ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија има јасни и конкретни политики кои ќе ја изнесат Република Македонија на прав пат, како и ќе имаат позитивно влијание на членството во Европската Унија.
На средбата било истакнато дека ваквите средби ќе продолжат и во иднина со цел плодотворна соработка.