Македонија 28. јули 2020. / 14:20

Мицкоски се сретна со германската амбасадорка: Власта ги озаконува криминалот и корупцијата

Мицкоски се сретна со германската амбасадорка: Власта ги озаконува криминалот и корупцијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Енке Холштајн.

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба, изборите и идните стратешки приоритети.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, посочи дека изборите кои поминаа не може да се оценат за фер и демократски, бидејќи власта спроведе низа прекршувања, поткупи и неправилности во текот на гласање со што сериозно се нарушува демократскиот фундамент на изборите. Државата доби и сериозни забелешки за изборите нотирани од мисијата на ОБСЕ, информираат од партијата.

Мицкоски посочил дека освен тоа што власта го осиромаши народот и ја втурна Македонија во тешка финансиска криза спроведе организиран поткуп тежок неколку милиони евра. Со ваквото однесување се докажа дека власта прави озаконување на криминалот и корупцијата како главен супстрат на нивното делување.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочил дека врз основа на добиената доверба од граѓаните и верувајќи во принципите и вредностите кои беа елаборирани од страна на Коалицијата за обнова на Македонија прави напори за формирање на ново парламентарно мнозинство што ќе значи зафаќање со сериозна работа за надминување на тешката криза во која се наоѓа државата.