Македонија 22. декември 2019. / 10:14

Мицкоски: Реалноста во Македонија не можеме да ја игнорираме, но ќе се бориме да ја промениме

Мицкоски: Реалноста во Македонија не можеме да ја игнорираме, но ќе се бориме да ја промениме

Не можеме да ја игнорираме реалноста, но ќе се бориме да ја промениме, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во неделното интервју на Радио Слободна Европа, одговарајќи на прашањето дали ако победи на изборите ќе биде премиер на Република Северна Македонија.

Ние реалноста во Македонија не можеме да ја игнорираме, но ќе се бориме да ја промениме.Тоа сум го зборувал многу пати во минатото, можам да го повторам и по стоти пат, но мислам дека би било дволично ако ние зборуваме за нешто што е спротивно на таа реалност. Јас сум професор на Универзитетот што е дел од образовниот систем на оваа држава. За жал резултат на капитулантскиот договор што го направи Зоран Заев и денеска таа е реалноста, и јас практично предавам во образовниот систем при Министерството за образование, кое е дел од Владата на државата со новата придавка. Плата земам од Министерството за финансии коешто е дел од Владата на државата со новата придавка – вели Мицкоски.

Мицкоски во одговор на прашањето „Дали тоа значи дека ќе бидете премиер на Северна Македонија“ објаснува и, како што вели, ако инсистираме на тоа и се надмудруваме дали ќе биде вака или така, тогаш би бил лажливец да кажам дека нема тоа да биде така, меѓутоа истовремено никој мене на таа маса не може да ми забрани да кажам дека сум Христијан Мицкоски од Македонија, којшто е Македонец и говори македонски јазик.

Во врска со идната коалиција и со тоа дали би коалицирал со ДУИ, Мицкоски вели дека тие имаат став дека ќе коалицираат со секоја политичка партија која ќе ја прифати нивната политичка програма.

Ние принципиелно имаме став дека ќе коалицираме со секоја политичка партија која ќе ја прифати нашата платформа, односно политичка програма. Ќе седнеме, ќе разговараме, ќе преговараме и зошто да не и ќе коалицираме. Немаме преференци кон ниту една, имаме релации со сите политички партии коишто се претставници на Албанците, имаме со политичките партии коишто не се претставници на Албанците, туку на другите етникуми итн, така што ќе имаме програма на масата и ви за ви таквата програма, доколку најдеме точка на поврзување, зошто да не – рече Мицкоски.

Мицкоски зборуваше и за случајот „Рекет“ и истакна дека не биле задоволни како се развива процесот.

Чекаме како ќе се развива процесот. Досега не сме задоволни, напротив. Мислиме дека има класична злоупотреба и прикривање на вистинскиот инспиратор и сценарист во целиот овој случај, но наскоро, ако гледаме дека овој процес дивергира од реалноста, јавноста ќе биде сведок на тоа што всушност се случувало – истакна Мицкоски.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.