Македонија 23. ноември 2020. / 20:14

Мицкоски: Разочаран сум и лут поради неспособноста на здравствените власти во справувањето на короната

Мицкоски: Разочаран сум и лут поради неспособноста на здравствените власти во справувањето на короната

Во вестите на Тв Сител гостин е лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Хриситијан Мицкоски. Тој во вестите го искажа своето мислење на повеќе теми, но особено истакна дека е разочаран од здравствените власти.

– Многу сум разочаран, а воедно и лут за сето ова кое што се случува денеска во нашава држава. Зошто? За тоа што најпрвин јас тоа го почуствував на моето семејство и знам точно како и со што се справуваа моите родители, мојата мајка, мојот татко. За среќа и двајцата ја поминаа, едниот потешко, а другиот полесно. Но фала му на бога и двајцата ја преживеаја оваа би рекол тешка пандемична ситуација која што се случува во Македонија, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски додаде дека е сведок на многу јавувања на сограѓани кои што тие го преживуваат денеска справувајќи се со оваа пандемија која што за жал поради немањето на јасна визија и стратегија од власта граѓаните страдаат со своето здравје и животи.

– Ние како опозиција понудивме многу работи, а односот од страна на владата беше игнорантски и онака буквално брутално бевме одбиени. Еве последно што понудивме беше да се формира КОВИД Комисија. Како по принципот на многу држави во регионот кои што формираа една таква КОВИД Комисија и оваа КОВИД Комисија е таа која што е најповикана да предложи мерки и стратегија како да се справиме со пандемијата. Но бевме одбиени, нагласи Мицкоски