Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, истакна дека остварил телефонски разговор со премиерот на Словенија, Јанез Јанша околу справувањето во битката со коронавирусот, со оглед дека Словенија е првата земја која прогласи победа против пандемијата.
Мицкоски посочи дека побарал помош од Јанша, кој што бил подготвен да испрати тим од врвни доктори, доколку има волја од македонските здравствени власти. Потоа Мицкоски остварил и повик со министерот Венко Филипче за понудената помош од Словенија.