Македонија 19. ноември 2019. / 16:04

Мицкоски: Премиерот може поконцизно да одговори зошто Уставниот суд сега ќе одлучува за членот 353 од КЗ

Мицкоски: Премиерот може поконцизно да одговори зошто Уставниот суд сега ќе одлучува за членот 353 од КЗ

Уставниот суд доби нов в.д или претседател и прашањето треба нему да му го упатите, а убеден сум дека поконцизен одговор може да ви даде премиерот на Владата, по што самите ќе можете да дојдете до заклучок.

Ова, меѓу другото, го изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање зошто судии од Уставниот суд сакаат да го изменат членот 353 од Кривичниот законик, со што, фактички, би се аболицирале голем дел од обвинетите од страна на поранешното Специјално обвинителство.