На протестот на опозицијата во Куманово се обрати и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој истакнува дека Владо Бучковски преговара по налог на Зоран Заев, а тие преговори водат кон ново апокалиптично сценарио.
Мицкоски ја предупредува македонската јавност дека доаѓањето на Владо Бучковски како посредник во спорот со Бугарија може да доведе до апокалиптично сценарио.
– Сакам да ја предупредам македонската јавност, македонскиот народ, македонската нација, граѓаните во Македонија дека новоименувањето на Владо Бучковски за посредник во спорот со нашиот источен сосед, човекот кој што имаше осудителна пресуда а потоа преку Врховниот суд во владеењето на Зоран Заев, а знаете како тие трас-трас одлуки се носеле во Врховниот суд беше ослободен, човекот кој што беше осуден за проневера за тенковски делови, за бугарските тенкови денеска треба да го решава историскиот спор со соседна Бугарија, претставува вовед во едно ново апокалиптично сценарио, вели Мицкоски.
Тој додаде дека јавноста треба будно да следи што ќе се случува на политичата сцена, алудирајќи дека следната влада ќе биде базирана на национално единство нема да го почитува овој договор.
– Го предупредувам македонскиот народ, граѓаните на Македонија на будно следење на тоа што се спрема, што се подготвува, на тоа што се преговара а ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија која што ќе ја предводи и дната влада, која што ќе биде влада на национално единство нема ниту една реченица од евентуално парче харија кое што ќе го потпише двоецот Заев и Бучковски да го почитува, категоричен е Мицкоски.
Тој исто така кажа и дека овој договор ќе биде на штета на македонскиот народ.
– Нема ниту едн реченица, ниту еден збор кое што планираат двоецот Заев и Бучковски да го потпишат, а кое што ќе биде на штета на македонскиот идентитет, на македонскиот јазик и на македонската традиција, обичаји да ги почитува, рече Мицкоски.
Тој најави продолжување на, како што рече. изразување на револтот против погрешните политики на владата предводена од Зоран Заев и СДСМ.
Во продолжение еве го неговиот говор од Куманово вечерва.