Македонија 13. февруари 2021. / 15:49

Мицкоски: Потребни се предвремени парламентарни избори, заедно со локалните

Мицкоски: Потребни се предвремени парламентарни избори, заедно со локалните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека предвремените парламентарни избори и се потребни на земјава, а единствен логичен термин би бил да се одржат заедно со локалните избори.

-Јас тоа го зборувам цело време и стојам на тој став дека предвремени парламентарни избори и се потребни на Македонија и единствен логичен термин да не правиме дополнителни трошоци се и локалните избори. Мислам дека тоа треба да се случи и работиме на тоа да се случи, а претходно треба да дојде една влада која што ќе подготви рамен терен за тие предвремени парламентарни, локални избори, рече Мицкоски на новинарско прашање по посетата на компанија во општина Гази Баба, во Скопје.

Потврди дека водат разговори со парламентарни партии кои се дел од опозицијата, но и од владеачката коалицијаза формирање мнозинство во Собранието.

-Да, ВМРО – ДПМНЕ води разговори и со парламентарни опозициски партии, но и со парламентарни партии кои што се дел од власта, така што кога ќе имаме мнозинство во рамките на Парламентот тогаш ќе излеземе во јавноста и тоа мнозинство ќе го презентираме, изјави Мицкоски.