Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва е гостин во емисијата „Топ Тема” на Телма телевизија.
Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ не е против пописот, туку е против начинот на кој што тој се планира да се спроведи.
Нормално е да се спроведуваат статистички операции, рече Мицкоски, но без учество на опозиција во Собранието е спротивно на европските европски.
– Ова наликува на политичка трговија, по принципот на зелените пазари. – кажа тој.
Кога се прави сериозна статистичка операција логично е сите политички чинители, вклучувајќи ја и опозицијата, да бидат поканети.
Според избраната методологија, на брза трака да се протурка, ќе се попишуваат сите кои што имаат матичен број во државата и не значи дека живеат тука и дека се живи.
Мицкоски изрази загриженост дека премиерот Зоран Заев ја води државата повторно во апокалиптично сценарио.
Лидерот на опозицијата нагласи дека се знае како се попишуваат резиденти, а како дијаспора.