Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва прогласи победа со зборовите ,,Ја победивме хотел коалицијата”
Доаѓа правдата за Македонија правдата поради која се обединивме за која добивме сила, правдата која беше нашата водилка, правдата која е насушно потребна за нашиот народ и нашата татковина
Затоа што ненародната власт на Зоран Заев донесе неправда донесе криминал и корупција, поради коja страдаат сите граѓани , оваа побeда е велика затоа што е на народот и е во вистински момент на секој еден што почувстувал неправда.
Од денеска недела, Македонија има нова реалност. Македонија горда, достоинствена и честита победи денеска. Победи коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и народот, најголемата и најсилна коалиција наспроти ненародната власт предводена од Зоран Заев и СДСМ .
Власта е делигитимирана и почна падот на Зоран Заев, и секој треба да биде свесемн за тоа особено тој што се вика Зоран Заев, истакна Мицкоски.