Македонија 16. март 2020. / 13:06

Мицкоски побара одложување на изборите, затоа што пикот на вирусот ќе биде за време на изборите

Мицкоски побара одложување на изборите, затоа што пикот на вирусот ќе биде за време на изборите

Претседателост на ВМРО-ДПМНЕ, Хриситјан Мицкоски на денешната прес-конфренција побара лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски со дневен ред одложување на предвремените парламентарни избори поради епидемијата од коронавирусот.

Мицкоски праша зошто не е прогласена кризна состојба на цела територија во Македонија, туку само во Дебар и Центар Жупа. Тој додаде дека пикот на корона вирусот се очекува за еден месец, во истиот период кога треба да се одржат предвремените парламентарни избори. Според Мицкоски на тие избори ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи, но за нив е најважно здравјето на граѓаните и затоа тој побара одложување на парламентарните избори, бидејќи одржуавње на истite ќе предизвика експлозија од епидемија, и ќе загрози илјадници животи.

Во своето обраќање Мицкоски нагласи дека стопанството се соочува со големи загуби и дека е потребна итна поддршка од страна на државата.