Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави видео наречено „Две години измами, неработа, неспособност“.
На видеото, лидерот на опозицијата потсетува на сите скандали на власта како што е случајот „Рекет“, корупцијата на градоначалниците на СДСМ, како и криминалите на власта.
– Измами, корупција, криминал. Арамиска власт со агенда да е на функции за да краде и се богати на грбот на народот. Поразот на оваа власт ќе значи пораз на измамите. Ни доаѓа обновата на Македонија напиша Мицкоски.