Македонија 02. март 2019. / 14:48

Мицкоски: Пендаровски е лик што го одсликува „заевизмот“

Мицкоски: Пендаровски е лик што го одсликува „заевизмот“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска при посетата на пазарот во Охрид, го искоментира изборот на Стево Пендаровски за кандидат за претседател на државата.

-Не така одамна кажавме во Македонија мора да се порази заевизмот, кажувам, заборавам, негирам. Се додека постои заевизмот во Република Македонија оваа држава не може да оди напред, односно ќе се движи во погрешна насока.

Јас сум убеден во граѓаните на Република Македонија, тоа се храбри, честити луѓе коишто на 21 април ќе му го зададат првиот посериозен удар на заевизмот во Република Македонија, а потоа веќе на следните предвремени парламентарни избори и конечниот удар ќе му биде зададен на заевизмот.

Пендаровски претставува лик на заевизмот, не очекувавме нешто поразлично да се случи, тоа е таа традиционална матрица која ја пустошеше Република Македонија изминативе 27-28 години-рече Мицкоски при посетата на пазарџиите во Охрид за кои кажа дека е разочарани од ова што се случува, и дека прометот им е опаднат поради лошите политики на оваа власт.