Се додека сум жив ќе се борам против оние мрачни сили кои му служат на Зоран Заев и нема да правам компромиси со криминалци и со сите оние кои седат во скутот на Заев и кои наместо да бараат промена на оваа криминална влада, бараат оставка од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, рече лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски на прес конференција.
Тој зборуваше за постоење на пакт меѓу криминалот и политиката кој го нарече „хотелска коалиција“.
„Ќе се борам против оние кои му служат на Зоран Заев. Сите оние кои станаа најдобри другари на Зоран Заев, не е затоа што се силни, туку затоа што се екстремно слаби“, рече Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потсети и на ветувањата, кои не се исполнети и потенцираше оти Македонија оваа есен ја
чека сиромаштија и посериозна здравствена криза.