Македонија 11. август 2020. / 13:27

Мицкоски откри детали од средбата со Ахмети: Еве што разговарале

Мицкоски откри детали од средбата со Ахмети: Еве што разговарале

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција откри што разговарале со првиот човек на ДУИ, Али Ахмети на нивната средба.

-Со Ахмети имавме едночасовна средба и ме информираше дека ќе почне преговори со СДСМ, затоа што таа партија победила кај Македонците. Ахмети е човек кој има соодветно искуство и му посакав среќа во преговорите. Ние ќе направиме коалиција врз основа на програма и не треба да ги оптоваруваме граѓаните со нашите фрустрации. Се водат разговори, бидете трпеливи, истакна Мицкоски.