Македонија 07. февруари 2019. / 12:43

Мицкоски оствари средба со лидерот на Словенечката демократска партија, Јанез Јанша

Мицкоски оствари средба со лидерот на Словенечката демократска партија, Јанез Јанша

Денес во Љубљана имав средба со лидерот на Словенечката демократска партија Јанез Јанша, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на неговата Фејсбук страна.

Во разговорот се осврнавме на повеќе теми од регионално и билатерално значење.

Дискутиравме и за дополнително ползување на капацитетите и одличните взаемни односи на двете сестрински партии.

Како лидер на најголемата партија во Словенија, Јанша ја изрази поддршката кон ВМРО-ДПМНЕ и македонските стратешки цели.

Воедно ја изразив и загриженоста за состојбите во Македонија, пред се темите поврзани со недостатокот на правна држава и владеење на правото, отсуството на структурни реформи во образованието и здравството, како и лошиот економски стандард на граѓаните, напиша Мицкоски на Фејсбук.