Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски нема да поддржи одржување на избори без учество на мисијата на ОБСЕ и ОДИХР. Тој денеска јасно посочи дека ОБСЕ нема да има набљудувачка туку оценувачка и тоа не е исто, но оти и во такви услови тоа не е можно ако изборите се одржат на 5 јули.
Најрано е што може да ја ја воспостават мисијата на 19 јуни, така да СДСМ би ја започнале кампањата без изборни набљудувачи на ОБСЕ. Следниот ден кога ќе дојдат да воспостават мисија може да почне кампањата. 8 јули не е термин кога избори може да се случат бидејќи ќе нема набљдувачи од ОБСЕ – објасни Мицкоски.
Тој е дециден дека ќе има избори кога ќе има јасни протоколи за заштита на граѓаните.
Ако сака Заев нека оди на избори. На средбата со него се слушаше само „8 јули“, „8 јули“ – потенцира Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека последен термин до кога власта може да се вразуми е денешниот ден, оти од утре ќе биде доцна.