Македонија 07. април 2019. / 14:02

Мицкоски од Прилеп: Најважната битка е да донесеме правда за Македонија и за секој еден нејзин човек

Мицкоски од Прилеп: Најважната битка е да донесеме правда за Македонија и за секој еден нејзин човек

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска го посети Прилеп, и порача дека најважната битка за Македонија е да донесат правда.

Денеска бев во Прилеп, во црквата св. Благовештение и манастирот св. Димитрија . Воедно остварив стредба и со старите членови на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп и околината. Тие ја имаат мојата почит за се она што го направија и прават за партијата и нашата земја.
Сега имаме заедничка битка, можеби најважна до сега, да донесеме правда за Македонија и за секој еден нејзин човек.
За тоа мора да се избориме заеднички и обединето, напиша Мицкоски на Фејсбук.