Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска традиционално е во посета на Попова Шапка, каде се чествува празникот и делото на Св. Наум Охридски.
Тој ја искористи приликата да каже дека денеска Македонија одново се наоѓа на крстопат каде се носи одлука за нејзината иднина, а од која одлука ќе зависи дали ќе се поддржат поделбите, криминалот, корупцијата, рекетите, или правдата, принципите, промените кои ќе донесат обнова.
– Нема друга влада како оваа денес која толку силно е заплеткана во милионски рекет, и толку многу нејзиното водство е вклучено во криминал. За жал тие кои го правеле тој милионски рекет, денес водат држава, и тоа не смее да се дозволи повеќе. Таквите контаминирани луѓе со криминал и рекет треба да си заминат од политиката и нормално да се соочат со нивната одговорност. 12 април е денот кога се решава за многу работи, а јас верувам во граѓаните на Македонија и фактот дека ќе ги поразат сите неуспеси и оние кои и носат порази на нашата земја, напиша во својата објавва на фејсбук претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.