Македонија 29. ноември 2018. / 20:21

Мицкоски од Гевгелија: Ќе ја победиме црната иднина

Мицкоски од Гевгелија: Ќе ја победиме црната иднина

Вечерва сум во Гевгелија, град кој силно го чувствува црното владеење на СДСМ и актуелната Влада, напиша Христијан Мицкоски на неговата Фејсбук страна, целиот текст интегрално ви го пренесуваме.

Црнила е зборот со кој прецизно може се опише време невреме како сегашното кое ни го наметнаа. 
Тие, оваа црна Влада создаваат беспаќе во кое сме заглавени како во круг, мрак кој не престанува, страдање кое се продлабочува, темнина која притиска, иднина која се одзема.

Тие сакаат да наметнат чувство дека како поединец губите се што сакате, се за што сте копнееле, дека ја губите среќата која толку многу сте ја посакувале.

Тие сакаат да се чувствувате како скаменета фигура, како неми сведители на еден трагичен театар кој се случува пред вас.

Затоа и во црно го завија АСНОМ!

Ги завиваат во црно младите и старите, сите нас, сите вас.

Тие животот кој го ветуваа го направија црн живот!
ТИЕ СОЗДАВААТ ЦРНИЛА!

И овие црнила се со цел создадени, за да завладее молкот, за да царува стравот, за да доминира беспарицата, за да владее болката и неизвесноста, за да не се зборува за неправдите, за да не се делува против обесправеноста, сиромаштијата и давачките, црното здравство, образованието кое нема квалитет, земјоделието кое се урива, младите кои си заминуваат за да не се вратат.

Ние ќе го победиме стравот, ќе го прекинеме молкот, ќе ја победиме црнината.

Зората ќе дојде, како предвесник на новото утро за Македонија! Утро кое ќе донесе ден наместо ноќ.

Црнилата кои ни ги наметнуваат се заеднички за сите граѓани, но и зората која ќе донесе успеси и која ние ќе ја овозможиме ќе биде заедничка.

Сакате да се отргнете од црнилата, затоа што не сте вие тоа. А власта е токму тоа: црно време, црна сиромаштија, црно владеење.

Ќе изгрее зората на слободата!, напиша на Фејсбук Мицкоски.