Македонија 08. април 2018. / 16:15

Мицкоски очекува лидерска средба после велигденските празници

Мицкоски очекува лидерска средба после велигденските празници

Христијан Мицкоски очекува по велигденските празници да се одржи најавената лидерска средба за процесот на преговорите со Грција околу името. Мицкоски очекува на средбата да слушне на што се темели оптимизмот на власта, поточно дали е тој аргументиран оптимизам или е само блеф.

Иако се уште не е утврден точен датум и локација, Мицкоски очекува лидерската да се случи идниот викенд, по новата рунда разговори меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција на 12 април во Охрид.