Македонија 08. јули 2018. / 15:11

Мицкоски: Ниту еден договор не може да ја запре Македонија, затоа што Македонија е вечна

Мицкоски: Ниту еден договор не може да ја запре Македонија, затоа што Македонија е вечна

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот мирен марш кој партијата го одржа во Струмица, во своето обраќање се осврна и на договорот потпишан со Грција.

-Ниту еден договор, ниту еден акт не може да ја запре Македонија, затоа што Македонија е вечна, таа е идеја, сон, столетен стремеж. Македонија живее и ќе продолжи да живее во срцата на секој еден од вас, затоа што тоа е татнежот на срцето на секој слободномислечки Македонец, затоа што надежта дека може подобро е посилна од сите измами, манипулации смислени од оваа власт, нагласи Мицкоски пред големиот број присутни граѓани.