Ние апелираме до власта, до Владата водена од Зоран Заев и СДСМ да се вразумат и да почнат да делуваат конструктивно , бидејќи начинот на кој што денеска дејствуваат , последиците ќе ги имаат сите граѓани без разлика на нивната етичка припадност, изјави денеска лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по средбата со коалицијата за „Обнова на Македонија“
Ние сме свесни дека твроглавоста , инаетот и примитивниот , неразбирлив , за мене надмен однос од страна на власта не води никаде, не донесоа до бездна , пред нас се или провалија и апокалипса или нов почеток. Јас повикувам на нов почеток . Доколку власта тоа не го направи во деновите кои шшто следат ќе ги повикам сите опозициски партии и нивните лидери на една лидерска средба во Клубот на пратеници , каде ќе разговараме за иднината на Македонија . Ќе разговараме за сите овие напластени проблеми кои се наше секојдневие, а кои се резултат на погрешните политики на СДСМ и на Зоран Заев . Поткупуваа, уценуваа, злоупотребуваа и успеаја заедно со нивните коалициони партии да добијат повеќе гласа од ВМРО ДПМНЕ. ТТој покуп денеска не доведе до бездна . Да бираме или асимилација или евроинтеграција . Ние не можеме со тоа да се сложиме . Потребно е ресетирање на општеството , потребни се нови политичари без концесија , кј што ќе можат да се изборат за достоинствен влез на македонските граѓани во ЕУ. Оваа Влада е минато . Народот е тој кој што ќе се избори за слобода, изјави Мицкоски.