Македонија 08. мај 2020. / 11:46

Мицкоски: Неодговорно е да криете документ од Бугарија во кој се условува напредокот кон ЕУ со откажување од јазикот и историјата

Мицкоски: Неодговорно е да криете документ од Бугарија во кој се условува напредокот кон ЕУ со откажување од јазикот и историјата

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски во интервју за Фокус прашан дали ќе продолжи со хермафродитската позиција – да прима плата од Република Северна Македонија, а да се колне во „никогаш Северна“, вели дека вистински хермафродитска политика е да го смените името на државата додека се колнете во најмилото, жената децата.

Дека е лицемерно и жално кога велите дека таа смена е последниот напор за да влеземе во ЕУ, а еве по три години на власт нема датум за преговори.

– Хермафродитски е и неодговорно да криете документ од Бугарија во кој се условува напредокот кон ЕУ со откажување од јазикот и историјата. Е сето ова, не само што е хермафродитски, туку е правење уште еден чекор кон втората фаза на креирање некаква нова идентитетски изобличена нација со ново име, нов јазик и историја. Откажувањето од историјата е откажување од себеси, посочува Мицкоски.

Додава дека и сега и порано тој сосема отворено и децидно кажува дека не ја негира реалноста, дека зема плата од државата со новото име, исто како и сите граѓани, но дека никој во оваа земја не може да му забрани да се бори да ја смени таа реалност

– Тоа е сонот на мојата генерација и секогаш борбите биле процес. Нашиот народ имал подеми и падови и нема невозможни работи. Не постои закон во земјава, ниту декрет со кој може да се забранат нашите чувства и она што тлее во нас Македонците од Македонија, вели Мицкоски апелирајќи да не навлегуваме во оние непромислен потези на брусење симболи на овој народ бидејќи тоа никој тоа не го бара од нас и никаде не го пишува.