Македонија 11. јуни 2020. / 21:24

Мицкоски: Ненормалното го прават нормално,претседателе Пендаровски се слушаме!?

Мицкоски: Ненормалното го прават нормално,претседателе Пендаровски се слушаме!?

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на социјалните мрежи напиша дека Владата и Заев се фалат дека се е под контрола и нормално, а до сега имаме 169 починати и 3538 заразени лица, непознат број на  лица кои допрва ќе се откријат .

Велеа дека ја победија Короната, а поради негрижата на Владата на Заев и Спасовски до сега имаме:

⁃ 169 починати;

⁃ 3538 заразени;

⁃ повеќе од 15 илјади граѓани кои се нови невработени и ги загубија работните места;

⁃ сѐ уште непознат број на новозаразени кои допрва ќе се откријат;

А Заев и Владата се фалат дека се е под контрола и се е нормално…

Вонредното го прават редовно, ненормалното нормално.
Претседателе Пендаровски се слушаме!?.., напиша Мицкоски на ФБ.