Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Канал 5 телевизија стакна дека нема реформи, Извештајот на ЕУ содржи критики за власта, па затоа и немаме датум за преговори.
– Ја слушнавме изјавата на амбасадорот Тимоние знаеме што кажа во однос на реформите, истото кога Германската бизнис асоцијација и додели нула на владата за функционирање на бизнисот во Република Македонија, вели Мицкоски.
Тој вели реформи нема, се е добро на хартија, но нема имплементација ,лош е амбиентот во кој функционира политиката и демократијата, нема владеење на право, практично се она што го зборуваме тука го зборуваат и нашите партнери од меѓународната заедница.
Мицкоски вели дека треба да си го тераме нашиот пат и нашите канали да лобираме да Македонија добие датум за преговори ,затоа што тоа не го гледаме од другата страна.
-Заев е уценет скап политичар тој со неговиот ментор Еди Рама ги спои Македонија со Албанија, вели Мицкоски во вестите на Канал 5 телевизија.