Македонија 28. февруари 2021. / 21:01

Мицкоски: Нема да избегате од одговорноста за тоа што не успеавте четири месеци да нарачате вакцини

Мицкоски: Нема да избегате од одговорноста за тоа што не успеавте четири месеци да нарачате вакцини

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во фејсбук објава ја обвини власта дека заради, како што вели, нејзината неспособност доведе до сериозен трет бран на новозаболени.

Во објавата тој потсети дека партијата уште вчера алармираше дека авансот за кинеската вакцина е вратен.

-Вчера кажавме дека ја лажат македонската јавност, дека авансот за кинеските вакцини е вратен. Денеска официјално потврдија. Нема да избегате од одговорноста за тоа што не успеавте четири месеци да нарачате вакцини. Вие сте срам за Македонија. Неспособни и крајно корумпирани. Заради вас умираат луѓе, заради вашата неспособност имаме сериозен трет бран на новозаболени. И пак не ви е гајле, бизнисот со корупција мора да тера, а народот секако ќе пати. Ви се гледа крајот, нема да ве оставиме на мира, пишува Мицкоски.

Вчера кажавме дека ја лажат македонската јавност, дека авансот за кинеските вакцини е вратен. Денеска официјално…

Posted by Hristijan Mickoski on Sunday, February 28, 2021