Сакам да ја видам Македонија со вистински европски вредности, со вистински реформирано судство, Македонија која ќе биде просперитетна, Македонија која ќе нуди можности за сите и тоа можам да го остварам. Имаме прецизна методологија како тоа да го направиме, истакна претседателот на ВМРО Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на 1ТВ.
-Не можам вас да ви ветам дека режимот е виновен затоа што имаме загадено Скопје и дека само да се промени режимот од тре ќе дојде чист, свеж алпски воздух. Тоа е невозможно. Но, можам да ви ветам методологија која во период од Х години ќе го направи воздухот помалку загаден за 30 проценти. Не можам да ви ветам 500 километри автопати, затоа што не е возможно, но можам да ветам дека ќе направиме 500 километри патишта низ Македонија, ќе ги реконструираме и реновираме бидејќи имам методологија и знам како тоа да го направам со моите соработници. -вели Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека зборува за мерки кои ќе значат подобар живот на граѓаните.
-Реформирано судство, вистинска борба против криминалот, реформирано здравство, реформирано образование. Зборувам за држава која ќе нуди можности за сите граѓани, не зборувам за нешто кое ќе биде погрешно. – објасни Мицкоски.