Македонија 03. јули 2020. / 19:02

Мицкоски: Не трошете енергија на нешто што е докажано дека не вреди

Мицкоски: Не трошете енергија на нешто што е докажано дека не вреди

Знам дека многумина од вас се длабоко разочарани. Тоа нема да ги промени работите, но вашиот став и глас можат, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук.

Измамите се веќе познати, веќе видени и не дозволувајте тие докажани лекции да се повторат. Не трошете енергија на нешто што е докажано дека не вреди.Не плашете се да го промените мислењето и да поддржите нешто што вреди, а Македонија вреди повеќе од сѐ друго!, напиша Мицкоски.