Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во „Топ Тема” на Телма телевизија истакна дека тој нема никаков контакт со поранешниот премиер Никола Груевски.
Мицкоски кажа дека Груевски не учествува во носењето на политики и одлуки во ВМРО-ДПМНЕ, па затоа не се слушнал со него.
Немешањето во приватниот живот на членовите на партијата е принцип на ВМРО-ДПМНЕ, кажа Мицкоски.
Тој кажа дека став на партијата е да се почитуваат законите, па така доколку се гласа за одземање на мандатот на Груевски, ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа позитивно.