Македонија 21. февруари 2019. / 18:44

Мицкоски: Не ми дозволија да го видам Јанакиески

Мицкоски: Не ми дозволија да го видам Јанакиески

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа дека не му било дозволено да го види претепаниот Миле Јанакиески по инцидентот кој се случи денеска во „Шутка“ , а кој сега е во болницата „8 септември“.

Дежурниот доктор на Мицкоски му ја кажал дијагнозата на Јанакиески, односно дека тој има повреди по телото.

– Не ми дозволија да го видам господинот Миле Јанакиески. – изјави Мицкоски и рече дека никој од болницата не објаснил што се случува точно.

Мицкоски кажа дека пред собата на Јанакиески се случувала вистинска драма. Собата ја чувале голем број на полицајци, но никој не му дозволи да го види.

– Државата не успеа да ги заштити животите на притворениците Јанакиески и Рисотвски. – констатира Мицкоски.

Лидерот на опозицијата истакна дека најповикан за оваа ситуација е деспотот Зоран Заев, кој заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за правда Рената Дескоска мора да преземат одговорност.