Лидерот на ВМРО- ДПМНЕ, инсистира на предвремени парламентарни избори и формирање техничка влада. Христијан Мицкоски во интервјуто за Алсат вели дека партијата ќе ги разгледа сите форми на притисок за земјата да оди на предвремени избори, не исклучувајќи и протести.
Апсолутно секогаш мирни протести, секогаш организирање на мирни протести за опција за било која опозиција вклучително и за ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата во Република Македонија без разлика дали таа опозиција ќе биде само ВМРО-ДПМНЕ или останатите опозициони партии. Зошто тоа да не бидат и опозиционите партии од албанскиот блок, рече Мицкоски.