Македонија 04. ноември 2018. / 18:38

Мицкоски најавува жестока дебата и критика за предложените уставни промени

Мицкоски најавува жестока дебата и критика за предложените уставни промени

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Сител, вели дека несериозното однесува од страна на Владата повлекува промена на нивната стратегија за делување и најавува жестока дебата по поднесените нацрт амандмани за уставните измени и на комисиската расправа, а потоа на пленарната.

Како пример тој го посочи вметнувањето на Охридскиот договор во амандманите каде што претходно не било во предвид да се дискутира на оваа тема, за подоцна да се види дека тоа не е точно.

-Во текот на утрешниот ден ќе имаме средба со пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија, кога ќе заземеме конечна позиција за тоа како нашата партија и коалицијата ќе делува од среда па натаму. Очекувам една жестока критика на сето она што ќе биде предложено од владејачкото мнозинство и од Владата во рамки на комисиската расправа, а потоа и во текот на собраниската расправа, за сето она кое што претходно го излажаа од страна на владеачкото мнозинство да биде демаскирано и презентирано пред македонската јавност за да види со какви политичари има работа по кој знае кој пат, кои што едно зборуваа претходно, а друго всушност имплементираат на дело- рече Мицкоски во интервјуто за Сител.