Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, запрашан дали ќе го пречека со фанфари Никола Груевски на аеродромот ако ВМРО-ДПМНЕ победи на избори и формира влада, одговора дека ќе истражи и ќе обелодени кој му помогнал на Груевски да избега од државата.
Мицкоски вели дека во оваа држава има закони што мора да се почитуваат и оти секој што погрешил пред законот, без разлика дали е Груевски, Мицкоски или Заев, мора да одговара.
Мицкоски на оваа тема зборува во емисијата „Економски магазин“ на Алсат – М што ќе се емитува вечерва во 22:00 часот.