Македонија 17. февруари 2021. / 18:32

Мицкоски најави дека Симовски и Заев кривично ќе одговараат за пописот

Мицкоски најави дека Симовски и Заев кривично ќе одговараат за пописот

Изминатиот период гледаме еден циркус кој што се поврзува со пописот, а не би требало  тоа да биде, не знаат ни самите што прават, тргни напред, врати се назад.

Така што се создава уште поголема заблуда и уште поголемо недоразбирање и уште поголема недоверба помеѓу граѓаните за статистичката операција која што они треба да ја спроведат односно за пописот. Така што они може да спроведат операција на сила која што ќе ја наречат попис, но таа операција која што они планираат да ја спроведат според таа методологија и вака како што ја спроведуваат можам да кажам дека нема да има абер од попис, и нема да имаат никаква врска со параметрите врз кои што Македонија треба да се развива во иднина, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешното интервју за Македонското радио.

Мицкоски, рече дека има месец и пол  до почеток на пописот и праша каде и кога ќе се одржи обуката а тимовите попишувачи кои што ќе излезат на терен.

Еве ќе го поставив просто и едноставно прашањето, ние имаме месец и пол до денот на отпочнување на пописот според Зоран Заев, каде и кога ќе се одржи обуката на тимовите попишувачи кои што ќе излезат на терен, праша претседателот Мицкоски.

Мицкоски посочи дека уште во месец ноември побарале да се набават терминали за отпечаток на прстот, но од страна на власта му било одговорено дека нема време, иако како што рече владата во Албанија, за изборите во април обезбедила вакви терминали за само неколку месеци.

Се сеќавате кога предложивме да има терминали кои што ќе земаат отпечатоци од прст и ќе ги споредуваат со базата на податоци, тогаш не велеа дека немало време. Еве денеска е познат фактот дека нашиот западен сосед Албанија за следните избори кои што ќе се случат во април месец оваа година отпочнаа процедура на почетокот од месец декември минатата година и веќе ја завршија, и успешно истата ја имплементираат.

Што значи дека им беа потребни помалку од три месеци, а нас во ноември месец кога за прв пат ја споменавме ова идеја, практично не одбија со изговорот дека нема доволно време за да се спроведе набавката на овие терминали за отпечаток на прст или познати во јавноста како фингерпринт терминали, рече тој.

Мицкоски, е дециден и вели дека ќе дојде момент кога директорот на Државниот завод за статистика, но и сите учесници во оваа политичка, а не статистичка операција ќе понесат кривична и прекршочна одговорност.

Според она кое што е нас став, и според она кое што во јавноста е познато презентирано од страна на директорот на Државниот завод за статистика кој што треба да знае дека ќе дојде денот кога ќе се соочи со кривична одговорност за ова што го прави и Зоран Заев. Ова операција ќе биде се, само не статистичка, туку политичка операција и сите соучесници во оваа операција треба да се свесни дека во еден момент не кој ќе ги испита нивните потези и ќе повика на кривична одговорност, а кај некои и прекршочна одговорност за тоа што го прави, кажа Мицкоски.

Претседателот Мицкоски, нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ започнала со институционална постапка за поништување на законот за попис, но од страна на спикерот на собранието не била прифатена, додавајќи дека следните чекори ќе започнат веќе овој викенд.

ВМРО-ДПМНЕ отпочна институционална собраниска процедура за поднесува на закон за поништување на законот за попис. За жал истата не беше прифатена од страна на спикерот на парламентот. Во деновите кои што следат, партијата ќе излезе со прес конференција со која што ќе ги соопшти следните чекори, а следните чекори ќе започнат веќе овој викенд и ќе траат во периодот кој што следи и сето тоа на крај ќе финишира повторно со поднесување на законска иницијатива во рамките на парламентот за поништување на законот за попис, истакна Мицкоски.